ВМРО-ДПМНЕ: Албанците не се ДУИ, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту мразат некого, ниту пак се албанофоби, Османи и ДУИ се тие кои ниту сакаат ниту почитуваат некого

Од:

Османи и ДУИ во пресрет на дебакалот кој ќе им се случи на претстојните локални избори, за да добие медиумско влијание, повторно креваат прашина во јавноста, со ширење на етнонационализам и лаги помеѓу граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, ниту мразат некого, ниту пак се албанофоби. Тоа можат единствено да бидат тие од ДУИ, кои по се изгледа не си го сакаат народот. Доколку Османи и ДУИ си го сакаат народот, немаше да потпишуваат капитулантски договори со Бугарија и Грција, немаше да гласаат за промена на името и Уставот, немаше да играат фудбалчиња по министерства, немаше млади момчиња да купуваат молови по центарот на градот. Доколку Османи и ДУИ си го сакаат народот, како што велат, немаше низ Арачиново, Боговиње, Долнени, Кичево, Липково, Пласница, Струга, Теарце, Сарај, жителите да газат низ кал, да нема водовод, канализација, основни човекови услови за живот. Сметаме дека Османи и ДУИ, пред да излезат да говорат беседи пред јавноста, треба прво самите да се погледнат во огледало, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби