ВМРО-ДПМНЕ: Ако падне Талат Џафери паѓа владата, затоа Ковачевски не смее да го осуди дивеењето во собрание

Од:

„Ако падне Талат Џафери паѓа владата, затоа Ковачевски прави будала од себе и не смее да го осуди дивеењето во собрание. Ковачевски е толку уплашен од Џафери што вчера мораше да гледа и фудбал со него, само за да покаже пред јавноста дека стои зад Џафери, и да го понесе срамот врз себе“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„До кога Ковачевски ќе продолжи да прави будала од себе за да не му излезе ДУИ од влада?

Сите го слушнаа Талат Џафери како пцуе вработени во собранието и врши мобинг врз нив, само Ковачевски едвај чека јавноста да заборава на случајот, за да не мора да го осуди Џафери и да не му се налути ДУИ.

Ковачевски само за да остане на власт е спремен да премолчи се, па дури и малтретирањето на вработените во собранието од страна на Џафери.

Ковачевски е спремен на се, па дури и да се слика со примитивецот од Форино, додека цела јавност се згрозува, само да поседи уште некој ден во фотелјата во влада.

Ковачевски е срам за државата исто колку и Џафери, затоа што за власт е спремен да жртвува десетина човечки судбини и да ги остави луѓето да бидат шиканирани од Џафери“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ