ВМРО-ДПМНЕ: Ако беше чист, Црвенковски веднаш ќе одговореше

Од:

ВМРО-ДПМНЕ повторно бара одговор од Црвенковски. Од партијата испратија соопштение во кое го повикуваат лидерот на СДСМ да одгвори на обвинувањата за „шверцот со нафта“.

„Денес е дваесетиот ден како Бранко Црвенковски молчи за шверцот со нафта. Не верувавме дека Црвенковски ќе направи еден ваков неславен јубилеј, но молкот од дваесет дена е силна гаранција дека Црвенковски е дебело вплеткан во криминалот со нафтата кој се правел во деведесеттите години.

Ова е прв случај каде непосреден учесник во шверц дава признание дека преговарал со премиер и министер на држава за шверц на нафта. Дека Црвенковски како премиер и Фрчковски како министер шверцувале нафта говорат и изјавите на нивните коалициски партнери Стојан Андов и Љубчо Георгиевски. Ако беше чист Црвенковски веднаш ќе одговореше конкретно на поставените прашања, но молкот од дваесет дена значи две работи.

Црвенковски бега соочување со одговорноста, второ тој ги потценува граѓаните кои смета дека не заслужуваат да ја знаат вистината.

Г-дине Црвенковски не може вечно да бегате. Народот не заборава. Одговорете конкретно: кој се, колку цистерни и за колку пари се шверцувало нафта во ваше време“, пишува во соопшението на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски

Филипче обвини дека Петре Шилегов одработува за ВМРО

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесува пакет-закони за намалување на цените на горивата и храната

Катерина Ѓуровски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот