ВМРО-ДПМНЕ: Ајде на брзи избори без техничка влада, за малите партии понуда за една изборна единица

Од:

„Ајде на брзи избори без техничка влада, за малите партии понуда за една изборна единица. ЛДП, ДОМ и ДС да не се кријат зад криминалните интереси, туку еве понуда за една изборна единица. Еве понуда да ја напуштат владата и да прифатат избори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Единствено важно за државата е излез од 4 кризи во кои ја втурна оваа гарнитура на СДСМ и ДУИ, и тие не се решение за тие кризи.

До решавање и справување со кризите ќе дојде само со нова влада по спроведени парламентарни избори.

Доколку пречка за СДСМ или ДУИ е техничката влада, ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара да дојде до промени во изборниот законик, но и за помалите партии кои како несогласување со СДСМ и ДУИ го посочија проблемот за една изборна единица. ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара по овие прашања, ако тоа гарантира предвремени избори, кои ќе бидат решение за проблемите и кризите“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ