ВМРО ДПМНЕ: 500 граѓани ги загубија животите заради неспособноста на Заев и Филипче да се справат со коронавирусот

Од:

ВМРО-ДПМНЕ во соопштение го обвинува Зоран Заев и министерот за здравство Венко Филипче дека лошо се справуваат со епидемијата на коронавирусот, поради што Македонија се претворила во „Ломбардија на Балканот“.

Еве го целото соопштение од партијата:

„Речиси шест месеци откако Република Македонија е зафатена со пандемијата предизвикана од Ковид-19 вирусот, а Владата предводена од СДСМ и Заев се уште немаат ниту стратегија, ниту начин како да се справиме со истата.

Иако од почетокот на пандемијата на прес конференциите од страна на Министерството за здравство и министерот Филипче слушаме дека државата добро се справува со вирусот и будно се следи ситуацијата, сепак секојдневните бројки од самиот почеток, па се до сега, покажуваат дека не само што Владата нема никакви мерки за справување со кризата, туку има кренато раце од ситуацијата и граѓаните се оставени сами на себе.

Првичните бројки на заболени од вирусот кои што се предвидуваа беа околу 2000 заболени, за денеска да сведочиме на фрапантна бројка од над 11000 заболени и за жал околу 500 починати.

Република Македонија стана Ломбардија на Балканот. Поразителен факт е што Владата нема стратегија, ниту пак некаков план за да ја сопре пандемијата, а по нивните тврдења, велат дека допрва доаѓа вториот бран на корона вирус во
државата. И по неколку месеци борба со пандемијата, здравствените работници се уште укажуваат на тоа дека е потребна заштитна опрема која е неопходна за нивното секојдневно работење, односно во борбата со ковид вирусот, но Филипче и Заев тоа не го сметаат за приоритет.

Тоа доволно кажува за неспособноста, неангажираноста и немањето ниту знаење, ниту идеја за претстојниот период со здравствената криза. Животот и здравјето на граѓаните кои што пред предвремените парлементарни избори беа
најважно за СДСМ, сега одеднаш не се ниту во втор план.

Најголеми жртви на неработењето и манипулациите на СДСМ се здравствените работници кои од првиот ден се на првата борбена линија со ковид вирусот и граѓаните кои што за жал се оставени сами на себе. На сето ова мора да му дојде крај, а за последиците да се сноси одговорност!“

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски ја призна конекцијата со мешетарот Еисин и после се сокри од јавноста

ВМРО-ДПМНЕ: Откако ќе формираме влада, ќе поевтинат сметките за струја

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Пендаровски и Ковачевски бегаат од одговори за аферата со Еисин

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните знаат дека кога ВМРО-ДПМНЕ ќе вети проект тој и го реализира

ВМРО-ДПМНЕ: Во програмата „Платформа 1198“ се обврзуваме на нови 55.000 работни

Горан Наумовски