ВМРО-ДПМНЕ: 25 – 40 илјади ученици немаат дигитални уред за следење настава, Царовска требаше до сега да им набави и да ги опреми

Од:

„Вистината на виделина. Револтот кон новата Концепција за реформи во основното образование достигнува кулминација со најавата за укинување на печатените учебници и нивна замена со дигитални, за учениците од четврто до деветто оделение.

И покрај бројните реакции Мила Царовска упорно се труди да го одбрани неодбранливото, убедувајќи ја јавноста дека дигитализацијата на образованието е модерна и потребна, за што пак баш никој од јавноста не спори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Она што е спорно е зошто се укинуваат печатените учебници кога огромен број на ученици, според Министерката околу 25 000, а според други проценки околу 40 000, не можат да си дозволат дигитални учебници, затоа што немаат дигитални уреди или немаат струја и не можат во догледно време ни да ги имаат.

Министерството ако беше подготвено, ќе им ги набавеше уредите во изминатат година ипол, а не сега да ветува дека допрва ќе ги набави.

И покрај три полугодија со онлајн настава претседателот на Средношколската унија изјавува дека огромен број од нив се дигитално неписмени. Зошто? Затоа што немаат дигитални уреди.

Сепак вистината за инсистирање на дигитални учебници дојде од изјавата на поранешната заменик министерка, а сегашна директорка на Државниот испитен центар Елизабета Наумовска. Таа изјави дека дигиталните учебници се поевтини и дека во нив по потреба поевтино може да се прават коракции.

Откако Царовска се пофали дека новите учебници треба да поминат бројни контроли и ревизии, прашуваме какви тоа корекции ќе треба да се прават и за чии потреби?

Од изјавата на Елизабета Наумовска јасно се гледа дека станува збор за пари. Па нели буџетот на МОН има предвидено средства за новата концепција? На што ќе се трошат парите од земот во вредност од 21,5 милиони евра? Пред банкрот ли сме, па мора да штедиме на учебници и на учениците им нудиме фотокопии?“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик