ВМРО-ДПМНЕ: 16 години од аферата ТАТ

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска потсети дека пред 16 години на денешен ден започнала аферата „ТАТ“ која илјадници семејства ги остави без своите заштеди.

– Точно пред 16 години, во време кога Бранко Црвенковски беше премиер, а СДСМ власт, ијладници семејства останаа без своите животни заштеди, стотици од нив и без своите најблиски. Бранко Црвенковски, неговата Влада и раководството на СДСМ беа директно одговорни и учествуваа во креирањето на аферата ТАТ, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека лидерот на СДСМ ветил расчистување на случајот, но оти ништо не е сторено, а сега после 16 години ја бара поддршката од граѓаните.

– Да беше одговорен политичар после таков милионски скандал, скандал во коишто луѓе останаа без своите животи, одамна ќе ја напуштеше политиката. ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните на Република Македонија нема да му дозволат да ја повтори аферата ТАТ и да го повтори грабежот на државниот имот коишто го продуцираше, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела