ВМРО-ДПМНЕ: 150 училишта или два клинички центри ќе се направеа со 300 милиони евра, колку што власта веќе му должи на Бехтел

Од:

„150 училишта или два клинички центри ќе се направеа со 300 милиони евра, колку што власта веќе му должи на Бехтел. Ново училиште во скоро секое поголемо населено место можеше владата да направи со 300 милиони евра, кои веќе им ги должи на Бехтел, што заради пенали, што заради аванс“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Илјадници ученици низ цела Македонија ќе учеа во нови училишта, ако Груби и Ковачевски наместо својот го гледаа интересот на граѓаните.

Со 300 милиони евра владата можеше да изгради два нови клинички центри, како што беше проектот за тој во Скопје, кој власта го раскина, а сега и за него треба да плаќа пенали.

СДС Македонија ја чини милиони за пенали и аванси, кои се резултат на нивната неспособност и криминогеност.

Потребни се промени, за крај на расипничкото трошење на парите на граѓаните“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела