ВМРО-ДМПНЕ: Поради неспособните Филипче и Заев, државата меѓу последните ќе набавува вакцини против корона

Од:

Додека сите земји се борат за итна и неодложна набавка на анти корона вакцини, неспособниот Филипче најави дека таквите вакцини би можело да пристигнат дури во март наредната година. Тоа значи изгубено време, а тоа ќе доведе до поголем број загубени животи – велат од ВМРО-ДПМНе во соопштение во кое потенцираат дека поради Филипче Македонија доцни со вакцинацијата на населението.

„Во соседна Србија првите вакцини пристигнуваат. Во соседна Бугарија до Нова Година ќе има вакцини. Во соседна Грција и во Франција вакцинирањето започнува во јануари, додека во Велика Британија веќе тој процес отпочна исто како и во Русија. Филипче пак последен ќе ја набави вакцината која значи спасување на живот, што значи дека бројката на заразени и починати ќе растеВласта целосно потфрли во справување со корона кризата, 1901 граѓанин ги изгубија своите животи како резултат на неспособноста на Заев и Филипче“ – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му