А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ нема никаков издржан концепт за водење економска политика

by А1он14/01/2017 - 13:5614/01/2017 - 20:0170
Share0

„Лажните ветувања на СДСМ беа казнети на последните избори на 11-ти декември. Граѓаните ја препознаа неискреноста на СДСМ, а од друга страна гласаа за издржаната понуда која ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја понудија и затоа над 455 илјади граѓани дадоа поддршка на програмата Реално.

Следете a1on на Instagram Instagram

Овие лажни ветувања на аболицираниот криминалец Зоран Заев кои патем ги вртеше и во текот на кампањата беа прочитани од граѓаните и тие во мнозинство не дозволија повторно да бидат излажани како на 15-ти септември 2002 година, кога и Заев и Шекеринска ветуваа вработување на еден член од секое семејство.

Економската нелогичност на ова ветување на СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев беше верификувано на избори. СДСМ и Зоран Заев наместо да понудеа издржани проекти кои ќе ја зголемеа вработеноста во државата, неискрено и лажно ветуваа приходи кои се исти или повисоки примања од минималната плата.

Апсурдноста на овој проект е повеќе од јасна. Но истовремено е јасно дека СДСМ и аболицираниот криминалец Зоран Заев немаат никаков издржан концепт за водење економска политика. Што впрочем да се очекува од политичката опција која зад себе нема апсолутно никакви економски успеси. Да знаеше Заев како, веројатно во Струмица ќе привлечеше инвеститори во ливадата во Сачево која ја нарекува индустриската зона и во која ветуваше 300 фабрики и 3.000 работни места“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Следете a1on на Youtube YouTube
dpmnesdsm

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски24/09/2026 - 11:1824/09/2026 - 11:41

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

Катерина Ѓуровски22/09/2026 - 12:18

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он20/09/2026 - 13:19

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он20/09/2026 - 11:53

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Катерина Ѓуровски16/09/2026 - 11:07

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/09/2026 - 12:28
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео