Влезот на Струга и неколку фрекфентни улици останаа без јавно осветлување

Од:

Крстосницата на магистралниот пат Струга-Дебар-Охрид-Ќафасан и неколку фрекфентни улици во Струга деновиве останаа без јавно осветлување.

Причина за неосветлената крстосница на влезот од градот, според градоначалникот Рамиз Мерко, е мал дефект на електричната инсталација предизвикан при изведувачки работи.

– Се случи мал дефект. При копање на овој дел беше оштетен кабелот. Тој се сервисира и проблемот се надминува. Штета врз јавното осветлување беше направена и при поставувањето на новогодишните светлечки реквизити, но се работи на решавање и на овој проблем, вели градоначалникот Мерко.

Без светло навечер останаа и неколку градски улици каде веќе се поставени нови штедливи светилки.

– Неопходно е, на неколку места да се тргнат старите бандери и на нивно место да се постават нови. Тоа веќе почнавме да го правиме, објаснува Мерко.

Пред околу пет месеци, општина Струга потпиша договор со приватната фирма „Сити Лајт“ на која и го отстапи одржувањето и замената на уличното осветлување во текот на наредните 12 години. Локалната самоуправа за годинава одвои околу 40 милиони денари за јавното осветлување во градот и населените места. Во градот ќе се реконструираат постојните линии и ќе се градат нови со околу шест милиони денари.

Би можело да ве интересира

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

РКЕ: За трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра

Водата во Струга не е исправна за пиење

Општина Струга на аукција ќе го продава „аудито“ на Мерко, почетната цена e 21.800 евра

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 26 февруари 2026 изнесува 87,06 евра за мегават час, на МЕМО 41,27 евра за мегават час

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ