Влен: МВР и државата немаат надлежност врз безбедноста на аеродромот

Од:

Изразуваме загриженост, што една политичка партија во Северна Македонија, конкретно ДУИ, се служи со лаги и манипулации во обид само да му наштети на Влен, без да се грижи кави последици ќе му нанесе на Република Косово. Ја повикуваме јавноста да ги следи фактите, а не пропагандата на ДУИ, се вели во реакцијата на Влен.

„Фактите се следни: МВР и државата немаат надлежност врз безбедноста на аеродромот, туку тоа е под надлежност на концесионерот во случајност тоа е ТАВ. Согласно Виенската конвенција, државните челници имаат специјален третман при патување, но деталите за безбедносните протоколи ги одредува концесионерот на аеродромот. Слично недоразбирање имало и кога Талат Џафери бил технички премиер, зошто ДУИ не зборуваат за тоа. И го повикуваме ДУИ дали кога тие биле на патувања ги заобиколувале скенерите. Уште еднаш ги повикуваме ДУИ да престанат да шират манипулации, и да престанат да ги нарушат односите помеѓу Косово и Македонија, а јавноста ја повикуваме да не потпаѓаат под пропагандата на ДУИ“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“, Албанците доаѓаат по својата правда

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори