Влен: Меџити води кампања заснована на искуство, визија и верба во потенцијалот на граѓаните на Чаир

Од:

Првиот заменик претседател на Владата и кандидат на коалицијата Влен за градоначалник на Oпштина Чаир, Изет Меџити, оствари средба со играчите и раководството на кошаркарскиот клуб Чаир 2030, една од најуспешните спортски приказни на локално ниво во последната деценија, се наведува во соопштението од Влен.

“Овој клуб, кој започна од мала група ентузијасти, денес се натпреварува во Суперлигата на Македонија, достојно претставувајќи ја општината и инспирирајќи ги младите генерации.

„Чаир има богата спортска историја. Време е оваа историја да се поддржи со институционална посветеност, бидејќи спортот не е само игра, тоа е едукација, карактер, здравје и гордост,” истакна Меџити за време на посетата во просториите на клубот. Меџити ја оцени работата на тренерот Ерхан Рамадани, кој со визија и професионален пристап го води тимот кон нови резултати, и го потенцираше својот ангажман дека, како иден градоначалник на Општина Чаир, ќе се залага за:

-Структурирана поддршка за клубовите и младите спортисти;
-Инвестиции во модерна и достапна спортска инфраструктура за сите;
-Јасни политики за развој на младинскиот и културниот живот во општината.

Како што беше речено на средбата, Општина Чаир ja ставила спортската салана располагање на клубот бесплатно, обезбедувајќи им на кошаркарите соодветни услови за тренинг и натпревари. Меџити, исто така, доби симболичен дрес од клубот како знак на благодарност за дадената поддршка.

„Кога инвестираме во спорт, инвестираме во иднината на нашите деца и во еден посилен Чаир. Младите се нашето најголемо богатство и мора да имаат
простор да напредуваат,“ рече меѓу другото Меџити.

Како кандидат на коалицијата Влен, Меџити води кампања заснована на искуство, визија и верба во потенцијалот на граѓаните на Чаир, сметајќи го спортот за клучен столб на локалниот развој.

Би можело да ве интересира

Чаир со платформа за превенција и справување со врсничкото насилство, најавени се и нови мерки од МОН

A1on

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“, Албанците доаѓаат по својата правда

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори