ВЛЕН: Ќе ги тужиме Државниот завод за статистика и раководни лица во врвот на поранешната Влада за пописот

Од:

Во име на ВЛЕН, ве известуваме дека ќе поднесеме кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје против тогашното раководство на Државниот завод за статистика, други одговорни и раководни лица во врвот на поранешната Влада на ДУИ и СДСМ, како и други лица со моќ на договарање во тогашната политичката власт во врска со пописот на населението, изјави Фатмир Сабриу – претставник на ВЛЕН

– Причина за пријавата е сериозниот сомнеж за политичко договарање и следствено на тоа фалсификување на резултатите од Пописот во 2021 година, со што се сомневаме дека е извршено кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување (чл. 353 од Кривичен Законик).

Последиците од овој чин се далекусежни: драстично и свесно е намален бројот на прикажаните Албанци во многу села, населени места и градови низ државата. Со тоа Албанците лично и поединечно губат многу права (гарантирани со Уставот) како вработувања, политичка застапеност и јазична еднаквост. Но и институциите се доведени во ситуација да олучуваат за намена на средства и фондови по погрешни и намалени бројки, со што повторно се оштетени граѓаните во многу општини.

Бараме Јавното Обвинителство да ги испита овие наводи. Дополнително, овие денови високи функционери на ДУИ јавно признаа дека „пописот бил во рамки на договореното“, што уште повеќе го поткрепува сомнежот за политичка режија на целата операција. ВЛЕН ја презема оваа иницијатива во одбрана на законитоста, еднаквоста и реалната статистичка слика на државата. Очекуваме ОЈО итно да отвори предмет, да ги обезбеди сите материјални докази и да спроведе темелна истрага. Нема компромис кога се повредува достоинството и бројноста на нашата заедница. Борбата за вистината започнува сега – и ќе ја истуркаме до крај, во интерес на сите граѓани на Република Северна Македонија, рече Сабриу.

Би можело да ве интересира

Влен: ДУИ го претвори Охридскиот Договор во средство за лично збогатување и прикривање на неуспесите

Влен: Бујар Османи како Претседавач со ОБСЕ беше на српска страна, против интересите на Косово

Влен: „Српскиот свет” го носи печатот на ДУИ

Меџити: Доктор Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир

ДУИ: Македонија ја пречека светската дипломатија и реализираше настан кој ќе остане запаметен како дипломатски и организациски триумф

Влен: Бујар Османи и во Министерство за надворешни спроведувал сомнителни и криминални тендери!?