Влен: ДУИ го попречи професионалниот развој на Албанците во јавната администрација

Од:

Kако нова сила и надеж на Албанците во Северна Македонија, решително прогласуваме крај на долга епоха на злоупотреба и политичка манипулација, која во текот на 22 години ДУИ ја користеше за да ја задржи власта, велат од Коалицијата Влен.

„Оваа партија, преку измами и пропаганда, создала изобличена систематска структура која ги повредила интересите на Албанците и ја спречила нивниот напредок. Време е за длабоки промени, за правдина и правично претставување. ДУИ, со долга историја на корупција, ги злоупотреби државните институции за манипулирање со албанските граѓани. Третирајќи ги Албанците како „гласачи“, а не како граѓани кои заслужуваат достоинство и еднакви можности, оваа партија го попречи професионалниот развој на Албанците во јавната администрација.

Покрај тоа, многу Албанци останаа во позиции без дефиниран работен статус, и покрај ветувањата дадени низ годините. Овие политики доведоа до губење на надежта и масовно иселување на нашата младост. Коалицијата Влен на место „балансерот“ ќе воведе нов Закон за правично и адекватно застапеност, кој ќе гарантира целосна еднаквост за сите етнички заедници. Коалицијата Влен останува посветена на осигурување дека правата на Албанците и на сите други етнички заедници ќе бидат загарантирани, нудејќи владеење базирано на меритократија и правдина. Крајот на политиките на злоупотреба е неизбежен, и ние сме подготвени да изградиме нов систем, каде граѓаните ќе имаат достоинство и надеж за иднината“, се вели во соопштението од Коалицијата.

Би можело да ве интересира

Чаир со платформа за превенција и справување со врсничкото насилство, најавени се и нови мерки од МОН

A1on

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“, Албанците доаѓаат по својата правда

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори