Влен: ДУИ го користи Охридскиот рамковен договор како штит за своите поранешни корумпирани функционери

Од:

Демократската унија за интеграција ако продолжи да манифестира недостаток на внатрешен капацитет за програмски и кадровски реформи може слободно да се преименува во НУД „Недемократска унија за дезинтеграција“. Оваа партија заради 22 годишното владеење не може да прифати дека мнозинството Албанци ја испратија во опозиција. Затоа тврдоглаво и надвор од секоја логика се дрзнува да го приватизира и Охридскиот рамковен договор, се вели во соопштението од Влен.

„Најавите дека партијата на Ахмети ќе го одбележи 13 август како нивен партиски „празник“, коалицијата ВЛЕН ги оценува како чист паралелизам и обид за поделба на Албанците, бидејќи датумот на потпишување на Рамковниот договор се одбележува институционално, со соодветна програма и агенда. Ја информираме јавноста дека веднаш откако официјално беа испратени поканите за одбележување на овој историски датум, ДУИ и Али Ахмети решија да го девалвира државниот и институционалениот празник со приватен настан.

ДУИ го користи Охридскиот рамковен договор како штит за своите поранешни корумпирани функционери. Овие подмолни намери на ДУИ се прочитани од граѓаните. Секогаш кога тие велат „Охридскиот договор“ и се обидуваат да наметнат теми за легитимитет, тоа значи дефокусирање од темите за корупциски скандали и одговорноста за време на нивниот 22-годишен режим. Никој нема право да ги приватизира придобивките за Охридскиот рамковен договор. Коалицијата ВЛЕН апелира до ДУИ да не го осквернавува 13 август, датум кој донесе мир. Срамно и понижувачки за загинатите и живи борци на УЧК и за потписниците Арбен Џафери и Имер Имери, Охридскиот договор да се приватизира со криминални зделки како Соравија. ВЛЕН нема да дозволи Албанците да бидат заложници за спасување на криминалните структури на ДУИ“, велат Влен.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Касами го заборава албанското знаме, наместо него, во центарот на Тетово знамето на Вергина

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ да каже дали го негира Гзим Острени?

Горан Наумовски

ВЛЕН: Кој обвинител му нудел спогодба на Груби?

ВЛЕН: За 14 изгубени животи не смее да одговара „кабелот“, Албанците доаѓаат по својата правда

Горан Наумовски

ВЛЕН: ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај!

Горан Наумовски

ДУИ го прозва ВЛЕН: Ако имате легитимитет, прифатете предвремени избори