ВЛЕН: ДУИ е синоним за дестабилизација!

Од:

Таканаречениот Европски фронт се обидува да сее несигурност кај граѓаните. Тоа што Фронтот наречен “европски“ беше дестабилизиран не значи дека треба да се дестабилизира државата. Тоа што се поделија, не значи дека општеството ќесе подели како нив. Во овие клучни моменти за иднината на државата, ги повикуваме сите политички актери кои и посакуваат добро на државата, да се обединат околу стратешките цели, а тоа се европските вредности и евроинтеграциите, а не други ретроградни дејствија, велат од ВЛЕН.

„Кога ДУИ зборува за руски инфилтрации, ја потсетуваме јавноста дека оваа партија му даде пасош на прорускиот бизнисмен Онишченко, кој е на црната листа. Смешно е кога ДУИ зборува додека нејзините постапки ја демантираат. Токму оваа партија сама го отвори небото за да го донесе рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Скопје.

Обидите за дестабилизација нема да поминат, ќе тече хармонија и соживот меѓу граѓаните каде сите ќе се чувствуваат еднакви. Ова го дадовме како ветување во предизборната кампања и посветено се залагаме за тоа секој ден.

Синоним за дестабилизација е Девалвирачката Унија на Институциите. Им го освежуваме сеќавањето. Сите страшни настани во државата, особено за Албанците, се случија кога ДУИ беше дел од власта. Случаите “Монструм“, “Диво Населје“, се настани кои ја затегнаа државата, но за среќа не создадоа поделеност во општеството. ДУИ е синоним за зло и за тоа Албанците ги испратија на местото каде заслужуваат да бидат, во опозиција.

Албанскиот народ повеќе нема да се изманипулира. Правдата доаѓа, а вашите игри завршија. E ова им пречи на експонентите на ДУИ, поточно Артан Груби. Бајките и лагите кои се обидува да ги наметне во домашната јавност веќе не поминуваат, па сега се обидува да ги пренесе своите лаги во јавноста во Албанија дека по инцидентите кои се случиле биле уапсени 17 Албанци, што апсолутно не е вистина. Потсетуваме дека 17 лица беа уапсени за палење на државното знаме и албанското знаме.

ВЛЕН гарантира: Законот е за сите и над сите! Никој нема да биде над законот, без разлика на позиција или припадност. Безбедноста е приоритет! Секој граѓанин, без разлика, заслужува да се чувствува безбеден и заштитен. Правдата е на дело! Секое кривично дело ќе се истражува, секој сторител ќе одговара и никој нема да избега од казна, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: ДУИ продолжува да молчи, со каков договор наредија бришење на дијаспората од пописот?

Горан Наумовски

Сејдиу: Пописот од 2021 година не беше неуспех, туку предавство

Алијанса за Албанците: Дури ни заробениот Уставен суд не можеше да го покрие срамот на ВМРО-ВРЕДИ

ВЛЕН: ДУИ се обиде да ја избрише албанската дијаспора, Уставниот суд ја поништи нивната манипулација

ВЛЕН: Две децении ДУИ не презеде никакви вистински мерки за да обезбеди достоинство за граѓаните

ВЛЕН: 20 милиони евра за изградба на подземен паркинг на плоштадот „Скендербег“, проект кој има за цел модерна урбанизација на албанскиот центар на главниот град