Влегуваме во жолта фаза, поларниот бран ќе донесе температури близу до -20 степени

Од:

Комисијата за превенција од штетни ефекти од студени бранови при Министерството за здравство по добиената најава од Управата за хидрометеоролошки работи информира дека во текот на утрешниот ден (16.02.2021, вторник) целата територија на државата ќе биде зафатена со пониски температури кои ја дефинираат жолтата (алертна) фаза.

Според УХМР, се очекува најниската минимална температура во земјава да се спушти до -19 степени, а утре наутро никаде во Македонија да не биде потопло од -9 степени.

На целото население се препорачува да се посвети внимание на заштита на здравјето, особено носење топла повеќеслојна облека, соодветни обувки за снег и мраз, почеста консумација топли напитоци, избегнување алкохол, бидејќи го зголемува ризикот од хипотермија, како и редовно земање на пропишаната терапија кај хронично болните, а во случај на потешкотии со дишењето, се препорачува граѓаните веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

Воедно, се препорачува да се избегнува практикување физичка активност на отворено, а при движење особено да се внимава на лизгави површини.

Комисијата при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата низ целата држава и јавноста соодветно ќе биде информирана.

Би можело да ве интересира

Најстудено утрово е на Попова Шапка, над нулата е само во Демир Капија и во Гевгелија

Утрово најстудено во Маврови Анови, најмногу снег на Попова Шапка

Утрово насекаде минусни температури, најстудено во Берово -9

Во Берово најстудено, најмногу снег на Попова Шапка

Во Берово најстудено -6, на Попова Шапка најмногу снег 47 сантиметри

Утринава најстудено во Битола -4 степени, најмногу снег на Попова Шапка