Влатко Огненоси – Шеф е новиот кум за Бадник 2018

Од:

Новиот кум за Бадник 2018 година ќе биде готвачот Влатко Огненоси – Шеф, додека здравичар е ликовниот уметник Стефан Хаџи Николов – Штеф.

Како што соопшти Одборот на Бадник, кумот е роден во 1972 година и има издадено книга готвач „Модерна македонска кујна“. Тој е носител на кампањата за едукација за здрава храна „Шпајзот на Македонија“.

Членот на одборот, Мојсо Мојсовски кажа дека и двајцата се квалификувани за функциите, пред се, како што рече имаат прекари, како што старите скопјани имаат, а тоа се Шеф и Штеф.

Бадникарските свечености започнуваат во недела на 24 декември на падините на Водно, кај месноста Краста, кога ќе се берат бадникарски гранчиња, што ќе се делат на 6 јануари пред Соборниот храм.

Како што појаснија организаторите на манифестацијата, Кумот за Бадник со пајтон ќе замине со преодниот ќуп, откако ќе прими благослов од поглаварот на МПЦ г.г. Стефан. Кумството ќе го предаде Радко Манов.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Земјотресот од 1963-та покажа дека обединети можеме да ги надминеме и најголемите предизвици

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

Меџити: Историската меморија се гради со оддавање почит на оние што оставиле трајна трага во идентитетот на Скопје

Левица: Скопје беше кренато од урнатините – денес го затрупуваат дивоградби и корупција

(ВИДЕО) Невремето го покоси Скопје: Оштетени „Вила Водно“, зградите на министерства, Обвинителство

Син уби татко во Скопје

А1он