Власта во потрага по опозиција

Од:

Трајко Вељаноски го распушти Собранието без опозицијата и без ДУИ и ДПА во салата. Заев соопшти дека на лажни избори нема да учествуваат.

Против кого Груевски ќе се бори на 5. јуни? Кој ќе глуми вештачка опозиција?
ГРОМ, на последните избори играше на картата дека тие ќе бидат опозиција, а веднаш потоа и на локално и централно ниво коалицираа со ВМРО-ДПМНЕ.

Уште ноќеска „Вечер“ објави анализа со наслов:СДСМ бојкотира – Жерновски ќе добие најмалку 15 пратеници.

Жерновски не е лидер на ЛДП веќе година и пол, а во анализата, без да се цитираат имиња, аналитичари, на ЛДП на Жерновски, освен 15 пратеници му ги даваат и министерските и заменичките ресори на СДСМ.

Градоначалникот на општина Центар, реагираше на својот ФБ профил. Исмевајќи го обидот тој да влета во играта и да ја игра улогата на опозиција напиша:

andrejstatusizbori1

„Епа дечки, ЗБОГУМ !!!

Отидов јас на Избори…“, и дообјаснува: Добив насоки од “Вечер” и се просветлив!

Еве дел од коментарите на ФБ:

– Како ли им паѓаат на памет овакви наслови !?

– До затварање на кандидатските списоци тоа ќе биде борбата. Што повеќе опозициски партии или независни кандидати да ги убедат да одат на избори.

-Привидот на демократија мора по секоја цена да се одржи

-Машинеријата работи, ама секоја чест и на Андреј Жерновски, демантот го филува со доза на хумор

– Да не заборавиш печатот од Милетиќ во 5 до 12

-Еве носител овој/оваа што ја напиша статијата

-Мене да ме ставиш за носител за пензионерски прашања

-На момент помислив, готово е…ама потоа си викам први април помина

– Бидејќи сте и градоначалник на избори без отчет нема да ве примат. Затоа со програмата и отчетот спремајте го

– А и со математика се добри. Точен број на пратеници кажуваат

-Без 80 пратеници ич да не играш

-Жерновски може да биде и премиер, само народот малку да отвори очи

Би можело да ве интересира

Меџити: Нема да има предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Герасимовски најави нова градинка, двосменско работење на градинките, бесплатни оброци за ученици и два нови покриени базени

Мицкоски до Филипче: Народот салата ќе ве направи на избори, на митинзи ниту пратениците не ти доаѓаат, сам си со Заев

Герасимовски: Сите детски и спортски игралишта се обновени, следуваат нови инклузивни и пристапни игралишта за сите деца

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Андреј Бабиш се враќа на власт: Победа на популизмот и нови предизвици за Чешка

Предраг Петровиќ