Власта одлучи: Aбортирајте, ама само еднаш годишно!

Од:

Власта пропиша и изготви закон со кој и дозволува на жената право на абортус само еднаш годишно.

Прекин на бременоста нема да може да се изврши ако од прекинување на претходната бременост не поминала една година, освен во случаи кога врз основа на медицински индикации ќе се утврди дека бременоста претставува опасност за животот или ќе доведе до тешко нарушување на здравјето на жената за време на бременоста, породувањето или по породувањето.

Ова го пропишале во Законот за прекин на бременоста, кој по скратена постапка влезе во собраниска процедура.

Screenshot_2

Втор абортус во иста година ќе биде можен и во случаи кога може да се очекува дека детето ќе се роди со тешки телесни или душевни недостатоци или кога до зачнувањето дошло со извршување кривично дело – силување, обљуба врз немоќно лице, полов напад врз дете, обљуба со злоупотреба на положбата или родосквернавење, како и кога ќе се утврди дека во текот на бременоста или по породувањето би можела жената да дојде во тешки, лични семејни, материјални или други услови што ќе имаат одраз врз нејзиното здравје.

Ако жената сака да ја прекине бременоста по 10-тата недела, ќе мора да има одобрение и од првостепена комисија за прекинување на бременоста. Оваа, како и второстепена комисија за прекинување на бременоста, ја формира министерот за здравство за секоја здравствената установа во која се врши абортус.

Малку се нејасни одредбите, бидејќи во Законот прво стои дека прекинување на бременоста е посебна медицинска интервенција за која слободно одлучува бремената жена.

Правото за прекинување на бременоста може да се ограничи само заради заштита на здравјето и животот на бремената жена, за подолу да се пропише дека на жената и дозволуваат сама да одлучува дали ќе абортира или не само еднаш годишно.

Би можело да ве интересира

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции

Арљинда Хасани Синани e нова вицегувернерка на Народната банка

Горан Наумовски

Собраниска „виза“ за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Гаши: Блокадата на ДУИ е политичко, а не процедурално прашање

Не е точно дека пратениците имаат приватно здравствено осигурување, реагира Собранието