„Власта и по цели три и пол години не може да го прифати фактот дека во општина Центар граѓаните им кажаа НЕ на нивните политики.
Општината и градоначалникот се секојдневна мета на инспекции и ревизии, што не е случај во другите општини. Единствено општина Центар не го доби од државата правото на користење на неизграденото земјиште.
Дека општина Центар има „посебен“ третман од државата, го покажува и денешниот случај за „Денот на дрвото“.
Државата преку „Македонски шуми“ има различен аршин према единиците на локална самоуправа, па своеволно одлучува која општина колку садници ќе добие за зазеленување на просторот.
општина Аеродром добива 22.770,
општина Ѓорче Петров добива 85.293,
општина Гази Баба добива 67.905, а
општина Кисела Вода добива 30.000 садници.
Верувале или не, оваа година Општина Центар добива само 120 садници.
За Ѓорче Петров 85.293, а за општина Центар, во која власта и градот Скопје направија најбрутална сеча на дрвјата, „цели“ 120 садници. Значи 710 пати повеќе садници се пратени за садење во Ѓорче Петров, отколку во Центар.
Жителите на Центар имаат еднакво право на чист воздух. Дури и во предизборен период, кога власта сака да „ќари“ поени на секој можен начин, сите граѓани имаат исти права.
Без разлика на ова владино самоволие, општина Центар и градоначалникот Андреј Жерновски и понатаму ќе водат максимална грижа за здрава животна средина и повеќе зеленило“, соопштуваат од Општина Центар.