Владините мерки од четвртиот анти-ковид пакет пред пратениците

Од:

Собранието на Република Северна Македонија денеска на пленарна седница треба да расправа за дел од најновите владини предлог-закони со кои се опфатени мерки од четвртиот анти-ковид пакет.

За сите предлог-закони се бара донесување во скратена постапка.

Пред пратениците ќе бидат Предлог-законот за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено економската криза предизвикана од КОВИД-19 за октомври, ноември и декември 2020 година, Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравственоекономската криза предизвикана од КОВИД-19 заради исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година, како и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност.

На дневен ред се и Предлог-законот за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор, Предлог-законот за изменување на Законот за работните односи, како и Предлог-законот за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.

Собранието треба да ги разгледа и Предлог-законот за решавање на спорот помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Макпетрол АД Скопје по пат на спогодба, Предлогот за престанок на функцијата член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија, Предлогот за избор на судија на Уставен суд на Република Северна Македонија, како и неколку предлог-закони во прво читање: за изменување на Законот за приватно обезбедување, за изменување и дополнување на Законот за Централен регистар, за изменување и дополнување на Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам и за изменување на Законот за издавање обврзници на Република Македонија за денационализација.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on