Владината СОЗР тврди: Ги оптимизиравме трошоците за набавка на пијалаци и апетисани

Од:

Службата за општи и заеднички работи денеска информираше дека во изминатите шест месеци преземени се активности за надминување на затекнатата состојба од претходното раководство.

Како што стои во соопштението, воведен е механизам за строга контрола на сите службени трошоци со цел да се намалат непродуктивните патувања во насока на одговорно трошење и планирање на јавните средства.

– За кусо време, СОЗР стави крај на недомаќинското работење, ги оптимизираше трошоците за набавка на пијалаци и апетисани за потребите на државните органи, ги покачи цените на угостителските услуги во владините објекти, со што минато станаа привилегиите за избраните функционери, а во завршна фаза е и постапката за ставање крај на лошите практики за злоупотреба на службените возила, преку изготвување на посебен регистар и унифицирање на службените возила, наведуваат од СОЗР.

Според директорот на СОЗР Ивица Томовски, затекнати се запуштени објекти сопственост на државата и се преземаат активности за надминување на состојбите.

– Големо безредие и тотален хаос наследивме со државниот имот од кој 80 отсто имаше нерешени имотно-правни односи, затекнавме запуштени вили сопственост на државата, заборавени репрезентативни објекти. По извршена анализа на состојбите, конкретни чекори презедовме и во таа насока, вели Томовски.

Како што информира СОЗР, направен е анекс на проектот за реконструкција на Палатата АСНОМ, се преземаат мерки за заживување на комплексот „Македонско село“, а во тек е и реконструкцијата на Клубот на пратеници.

– СОЗР во моментов врши анализи на условите за изградба на втора фаза од Жичницата, од црквата „Св.Јован“ во Капиштец до Средно Водно, како и за доградба на зградите на Факултетот за физичка култура (ФФК) и Факултетот за информатички технологии (ФИНКИ) во рамките на кампусот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, објекти кои шест години се во фаза на карабина, велат од СОЗР.

Би можело да ве интересира

Минималната синдикална кошница за месец септември изнесува 65.077 денари

Само 500 службени возила досега добиле специјални таблички

До почеток на кампањата сите службени возила треба да бидат брендирани

Кои се најскапите пијалаци во светот?

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Аздисаниот Пеце Мирчевски се пишал новинар за да патува во Бугарија

Горан Наумовски

30 дена притвор за Пеце Мирчески, поранешен директот на СОЗР

Горан Наумовски