Владина делегација во еднодневна посета на Брисел

Од:

Владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска ќе престојува во еднодневна посета на Брисел.

Во составот на владината делегација се и министерот за правда Билен Саљији и министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски.

Во рамки на посетата, вицепремиерот Османи заедно со директорката за Западен Балкан во Директоратот за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Геновева Руиз Калавера ќе копретседаваат со 14-тиот состанок на Комитетот за стабилизација и асоцијација.

– Состанокот претставува важна компонента на евроинтегративниот процес на Република Македонија, каде ќе се дискутира за новиот европски импулс, акциониот план за спроведување на итните реформски приоритети, отворените политички прашања и сѐ она на што Владата веќе се обврза да го адресира при бројните средби со претставниците на Европската унија, велат од Секретаријатот за европски прашања.

Владината делегација ќе оствари средба и со генералниот директор на Генералниот Директорат за проширување и соседска политика, Кристијан Даниелсон од кого ќе биде побарано, согласно успешноста при имплементацијата на преземените обврски, поддршка која би водела кон конкретни чекори од страна на Европската унија.

Од СЕП оценуваат дека учеството на вицепремиерот Османи и министрите Саљији и Манчевски доаѓа во период на интензивна европска агенда на Владата, што кореспондира со силната посветеност и преземените обврски за забрзување на евроинтегративните процеси на Македонија.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Милановиќ: ЕУ не е држава, а нејзина надворешна политика не постои

А1он

Пирц Мусар: Проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан претставува стратешка инвестиција во мирот

А1он

„Ханделсблат“: Потпирањето на Киев врз помошта од ЕУ нема да го спречи мирот под условите на Русија

ЕУ: Украина напредува кон членство во ЕУ и покрај војната

(ВИДЕО) Мицкоски: Подобар извештај од ЕК, нема констатации за назадување – остануваат политичките услови за ЕУ

Горан Наумовски