Владина делегација предводена од премиерот Ковачевски, положи цвеќе пред споменикот на Свети Климент Охридски

Од:

Владина делегација, предводена од претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, положи цвеќе и оддаде почит на патронот на македонската култура, една од најзначајните личности за македонската писменост, Свети Климент Охридски, во рамки на одбележувањето на денешниот голем државен празник 8 Декември – „Св. Климент Охридски“.

Во состав на владината делегација се заменичката министерка за правда, Викторија Аврамовска Мадиќ и заменикот министер за транспорт и врски, Беким Реџепи.

Пред споменикот на Свети Климент Охридски, на платото пред истоимената Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, во Скопје, во чест на големиот просветител и духовник, основач на Охридската книжевна школа, положија цвеќе и оддадоа почит и делегации од Собранието на Република Северна Македонија, од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, од Армијата на Република Северна Македонија, од Сојузот на борците од Народноослободителната и антифашистичката војна на Македонија, претставници од дипломатски кор, од парламентарни политички партии.

Владата на Република Северна Македонија продолжува активно да ги штити и промовира македонскиот јазик, литература и култура, како достоинствен начин на продолжување на светиклиментовото просветителско дело.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ковачевски: Штип и целиот македонски исток вечерва праќа порака, напредокот на земјата мора да продолжи

Горан Наумовски

СДСМ оддаде почит на ликот и делото на народниот херој Кузман Јосифовски Питу: Аманетот на НОБ ќе го исполниме

Ковачевски: Треба да следува апанажа доколку некој извршувал општествена функција

Орце Костов

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа: За една година ќе добијат по 30.000 евра

Орце Костов

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ ја враќа Универзална сала на Скопје

Ковачевски: Им се извинувам на медиумите, не сакам да се им се случи она што се случуваше до 2016

Орце Костов