Владина делегација оддаде почит и положи свежо цвеќе по повод 146 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Од:

Во рамки на одбележување на 146 годишнината од раѓањето на националниот херој и револуционер, Гоце Делчев, владина делегација предводена од заменик претседателка на Владата на Република Македонија и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменик министерот за култура, Владимир Лазовски и заменик министерот за информатичко општество и администрација, Александар Бајдевски денеска оддадоа почит и положија свежо цвеќе на вечното почивалиште на Гоце Делчев во црквата Свети Спас во Скопје.

Граѓаните на Република Македонија денеска се сеќаваат на големиот македонски револуционер, Гоце Делчев, предводник во борбата и заложбите за слободна Република Македонија во која живеат и работат слободни граѓани – слободна земја интегрирана во напредниот цивилизиран свет во кој народите се натпреваруваат преку културни достигнувања и остварувања.

Идеалите и заложбите на големиот визионер Гоце Делчев се наша заедничка обврска да продолжиме да ја градиме државата во правец на остварување на тој вековен сон за слободна, демократска и економски напредна земја.

Во духот на единство и сплотеност потребна е вклученост и искрен пристап во политичките предизвици пред кои е исправена земјата од сите општествени чинители и граѓани, без разлика на нивната верска, етничка или политичка припадност.

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски