Владимир Талески: Во општина Битола нема криминал

Од:

Општина Битола нема направено никакво незаконско дело, ниту криминал ниту било какво коруптивно дело, истакна градоначалникот Владимир Талески на попладневната прес-конференција на која го појасни процесот на организирање на бесплатниот превоз за ученици во овој град.

Според Талески, денешната прес на СЈО со театрално и бомбастично изнесени излагања е со политички побуди.

– Општина Битола доби надлежност да спроведе групна јавна набавка за организирање бесплатен превоз на ученици и таа ја извршивме со согласност на сите директори на училиштата. Согласно Закон, до општината доаѓаат блок дотации, општината ги трансферира до училиштата, а училиштата врз основа на потпишан договор со превозниците вршат плаќање на услугата и тука нема ништо спорно. Со денешната прес-конференција на СЈО воочивме дека оваа институција бескрајно многу не уважува како важен субјект, рече Талески.

Нам не ни е потребна аболиција, потенцира Талески, бидејќи ние работиме законски, а мојот имот кој неколку пати е проверуван е законски стекнат и пријавен во Државната комисија за спречување на корупцијата.

Би можело да ве интересира

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција