Владимир Милчин: Груевски незапирливо ја води Македонија кон пропаста

Од:

Сѐ уште не можам „македонцките работи“, како што ги нарекол Мисирков, да ги набљудувам од дистанца. И не можам да ја затечам Македонија, јас можам само да се запрашам дали сум затечен од „македонцките работи“ денес. И морам да признам дека не сум затечен ниту од алчноста ниту од лудилото на озабената власт која денес ја управува Македонија. Затечен сум од ноевското однесување на оние кои требаше да ја зауздаат.

Затечен сум од слепилото, глувоста и молкот. Затечен сум од одбивањето нештата да се именуваат со вистинските зборови. Велите дека ништо во општеството не се помрднува од мртва точка, а јас мислам дека се помрднува, односно се лизга од лошо кон полошо. Македонија прилега на „Титаник“. На бродот се лумпува, а сантата се наѕира во мракот, чамците се подготвени за спасување на номенклатурата на власт и нејзината камарила, а оние под палубата не можат да се пробијат горе. Вратите се затворени, а бродот веќе крцка, вели Владимир Милчин, режисер и Извршен директор на Фондацијата Отворено Општество во интервју за порталот Мојотград.

Во однос на секојдневните граѓански протести и дали во иднина е возможно некакво движење „од долу“ кон „горе“, или сѐ уште работите ќе почнуваат и ќе завршуваат „од“ и „кон“ централизираното Скопје, Милчин вели дека луѓето знаат дека моќта е во Скопје.

– Луѓето знаат дека само во Скопје ќе бидат слушнати и нивните молби и нивните пцости. Под услов да не ги запре полицијата. Во Скопје беше убиен Мартин Нешковски, во Скопје беше уапсен Љубе Бошковски, во Скопје беа натепани пратениците и набркани заедно со новинарите, во Скопје поскапе струјата, во Скопје се вработувањата, во Скопје се парите… Скопје се населува, Македонија се иселува… Централизацијата во Македонија не започна со граѓанските протести. А сепак, последниве месеци неколку протести се случија надвор од Скопје или во Скопје, но организирани од внатрешноста. Дали е можно некакво движење „од долу“ кон „горе“ не знам. Знам само дека надвор од Скопје притисокот на власта е посилен бидејќи е подалеку од очите на она малку јавност што преостана, вели Милчин.

Тој во интервјуто истакнува дека не се мачи со прашањето дали води изгубена битка.

– Не ме мачат клеветите, етикетите, навредите. Не ме мачи лустрацијата. Ме мачат прашањата од познати и непознат минувачи: „Ќе има ли крај оваа власт?… Има ли спас од вмровциве?… До кога ќе трае лудилово?… Зошто Запад не презема ништо?…“ И не толку самите прашања, колку што ме мачи тоа што прашувачите очекуваат чудо, спасителот го бараат во некој друг и не ни помислуваат дека би требало и самите да придонесат за сопствениот спас. Ме мачи прашањето: Каде исчезна зборот НЕПОКОР? И како тој збор да не остане заробен во литературата и да стане дел од нашата свест, етика и дејствување?

Би можело да ве интересира

На Груевски му застарува затворската казна во случајот „Тенк“ за набавката на мерцедесот

Катерина Ѓуровски

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

A1on