Владимир Максимовски – апсолутен победник Интернационалната олимпијада по информатика во Измир

Од:

Владимир Максимовски од Штип, ученик во училиштето „Јахја Кемал“ во Скопје е апсолутен победник на Интернационалната олимпијада по информатика што се одржува во турскиот град Измир од 17 до 21 јуни, соопшти Здружението на информатичари на Македонија.

Максимовски го освои првото место преку решавање на сите 10 задачи во рекордно време од 4 часа. Веќе следниот натпреварувач по него не успеа да ги совлада сите проблеми во предвиденото време од 5 часа.

Значаен успех постигнаа и останатите натпреварувачи од Македонија. Учениците Андреј Величковски и Јосиф Тепеѓозов се враќаат со сребрен медал, а Марко Чаласан, Илија Тавчиоски, Мартин Динев и Филип Даштевски со бронзени медали.

Учеството на најдобрите македонски средношколци-информатичари на олимпијадата во Изир е во организација на Здружението на информатичарите на Македонија. Тимот е предводен од д-р Миле Јованов и Владислав Бидиков од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), факултет кој редовно ги поддржува активностите на најдобрите информатичари.

Тренерите од Здружението на информатичари на Македонија очекуваат слични успеси и на другите натпреварите кои претстојат годинава: Балканската олимпијада по информатика во Кишињев на почетокот на јули и на Интернационалната олимпијада по информатика во Техеран на почетокот на август.

Натпреварувањето во Измир е наменето за земји од балканскиот регион и за земјите кои гравитираат околу Турција. Годинава покрај Македонија, учесници се националните тимови од Азербејџан, Туркменистан и Турција. Најдобрите македонски натпреварувачи се избираат преку целогодишен циклус натпревари организиран од Здружението на информатичарите, со поддршка на Агенцијата за млади и спорт на Македонија, МИОА, Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и општествено одговорните компании Телеком, Докстеам, Семос Едукација и Сорсикс. Натпреварите се одржуваат преку системот mendo.mk кој е достапен во текот на целата година за сите заинтересирани натпреварувачи.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска