Владиката Петар: Моето отстранување погубно и за Австралиската епархија и за МПЦ

Од:

Лица кои не ја признаваат автокефалноста на Македонската православна црква се шетаат по македонските цркви и манастири придружувани од владиците, присуствуваат на академијата на Богословскиот факултет и себе се претставуваат како најголеми патриоти, а во основата на своето функционирање го имаат негаторскиот однос кон МПЦ и верниците, изјави Преспанско-пелагонискиот митрополит и администратор на Австралиско-новозеландската епархија, владиката г. Петар.

Владиката Петар обелодени документ според кој во уставот на Македонската црковна заедница, со која претседава Игор Александров во еден член стои дека црковните асоцијации се воспоставени како надворешни правни субјекти од МПЦ и не ја признават јуриздикцијата на МПЦ.

– Тие исти луѓе, тој Игор Александров, порано се презиваше Аврамовски го има истарано Владиката Тимотеј од Австралија, а денеска двајцата заедно се сликаат и се смешкаат. Каков преседан. За какви превртливи луѓе станува збор. Шетаат во МПЦ, Богословијата, секаде, а не ја признаваат јуриздикцијата на МПЦ. Каков скандал, изјави г. Петар за емисијата ПОРТА на сателитскиоот канал на МТВ.

Администраторот на австралиско-новозеландскаат епархија тврди дека за сите состојби во Австралија Синодот бил запознаед со се и оти има документација дека САС на МПЦ ги одобрувал сите негови постапки во Австралија.

– Со одлука на САС на МПЦ од 2002 јас сум ополномштен старател. Со оваа одлука откако бев оплномоштен за името на МПЦ го извести епархискиот управен одбор за да копуваме имоти на МПЦ. Тоа го правиме додека не се донесе закон од Австралиските власти со кој ќе се регистрира МПЦ како субјект со имоти, дотогаш ние не можеме и мораме во катастерот да ги заведеме имотите како приватни лица, но ние поднесуваме декларација во која сме потпишани дека имотот ќе го чуваме за МПЦ, и ќе ја вршиме мисијата на Црквата и кога ќе се создаде Закон за старателство на имотите на МПЦ ќе го префрлиме имотот од наше име на корпорацијата кој ќе биде имот на МПЦ, вели г.Петар.

Тој тврди дека неговите противници имаат само една цел, а тоа е никој да нема увид врз црковниоте имоти, за да можат тие да располагаат со нив за секакви други цели, користејќи го името на МПЦ.

– Тие имаат сега регистрирана компании со ограничена одговорност во која дефинирале дека црковиот имот може да се користи за други цели. Тие работат на ородување на Македонците, со тоа што се поттикнуваат членовите да примаат австралиско државјанство со цел наполно да се асимилираат во австралиското општетсво, рече тој.

Во тие управни одбори, вели г.Петар, има дваесетина луѓе роднисни и пријателсни врзани и никој не смее да им се спротистави.

Владиката Петар додава дека доколку некој се обиде да го тргне него од местото, тоа, подвлекува, свесно го прави.

– Оваа ќе се пребнесе како искуство и во Македонија и останатите епархии, тогаш тоа ќе биде погубно за ПМЦ, и МПЦ ќе ја нема. МПЦ нема да постои. Но, се надевам дека и поглаварот и останатите владици тоа нема да го дозволат.Тоа нема да се случи, потенцира владика Преспанско пелагониски и администратор Австралиско новозелански.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата