Владиката Кирил ќе биде погребан во петок

Од:

Митрополитот Полошко-кумановски господин Кирил, кој почина на 79-годишна возраст, ќе биде погребан во петок во манастирот Свети Ѓорѓи во Дељадровце, изјави денеска портпаролот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, владиката Тимотеј по вонредната седница на Светиот архиерејски синод.

-Одлучено е администратор на епархијата Полошко-кумановска да биде неговото блажество архиепископот Охридски и македонски господин Стефан, со помош на архиерејот епископот Јосиф. Опелото ќе се изврши во петок во 11 часот во соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, а погребението ќе биде во 13:30 часот во манастирот „Свети Ѓорѓи“ во Дељадровце, изјави владиката Тимотеј.

Утре изутрина во соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ во Тетово ќе биде отслужена божествена литургија.

Митрополитот Полошко – кумановски господин Кирил почина ноќеска по кратко боледување. Роден е на 23 јуни 1934 година во селото Царев Двор, Преспанско. Средно богословско училиште завршил во Призрен. Во 1964 година се замонашил во манастирот Свети Причеста во Кичево.

Студирал на Московската духовна академија на Руската православна црква во Загорск каде завршил прв степен на студиите. Со недовршен факултет две години потоа бил повикан во Македонија.

Во 1967 година во соборниот храм „Свети Димитриј“ во Скопје, бил хиротонисан во епископски чин. Раководел извесен период со Австралиската и со Американско-канадската епархија. Во 1987 година бил назначен за Полошко-кумановски митрополит.

Коавтор е на монографијата „Почит кон Свети Кирил Солунски-Десетте поклоненија на Светикириловиот гроб во Рим“, Скопје, 1979 година.

По упокојувањето на Архиепископот Доситеј, од 22 мај до 19 август 1981 година, до изборот на новиот поглавар Архиепископот Ангелариј времено ја извршувал должноста на архиепископскиот трон.

Прогласен е за почесен граѓанин во повеќе од 15 града во САД и во Канада и во неколку града во Австралија. Добитник е на повеќе признанија, плакети, како и на Орден заслуги за народ.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите