А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Владиката Агатангел: Секоја педа од македонската земја, и во Пирин и во Егеј, е натопена со македонска крв

by А1он27/02/2018 - 20:45279
Share0

Го сменија името на Воден, ставија грчко име, на Лерин, на Костур, на Солун, сега сакаат на целата наша македонска земја да ѝ го сменат името или да додадат додавка. Ние Македонците исполнети со голема љубов, со големо трпение, со големо милосрдие, братољубие и човекољубие им кажуваме на сите – не, Македонја е нашата земја, нашата татковина, нашата душа. Името на државата е името на црквата македонска, душата на македонскиот народ, рече владиката Агатангел на вечерашниот протест пред Собранието против промена на името на државата.

Добивај вести на вибер

„Болката на нас Македонците е голема и продолжува. Нашата сакана земја македонска е распарчена на три дела – беломорска, пиринска и вардарска. Му благодариме на Гопода што ни го сочува овој Вардарски дел ни го даде за да можеме како народ Македонски да се издигнеме духовно и да ги зачуваме спомените на нашите прадедовци кои лежат во нашата македонска земја. Секоја педа од македонската земја и во Пирин и во Егеј е натопена со македонска крв. Секој камен да го кренеш ќе го слушнеш плачот на каменот за пролеаната крв на нашите дедовци и прадедовци и на нашите браќа и сестри“, рече владиката Агатангел.

Тој рече дека Македонците се свет народ. „Нашата земја македонска е запишана во Библијата и сега некој сака да нè избрише, а зошто сака? Никој од тие народи што сакаат да нè избришат не постојат во Библијата. Да бидеме достоинствени, да си го чуваме името, нашиот македонски јазик, идентитет, унитарниот поредок на нашата света македонска земја и да го чуваме името на нашата света македонска црква“, порача владиката.

imetompc

Би можело да ве интересира

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Катерина Ѓуровски09/04/2026 - 13:15

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Катерина Ѓуровски19/03/2026 - 14:39

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски30/12/2025 - 20:1231/12/2025 - 08:54

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Катерина Ѓуровски13/07/2025 - 12:27

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски12/06/2025 - 12:1712/06/2025 - 12:31

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?

Горан Наумовски31/05/2025 - 13:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто