Владика Пимен: Јас сум на страната на студентите

Од:

Владиката Пимен, кој раководи со Европската епрхија на МПЦ, ги поддржа студентите кои се против воведувањето на државен испит во високото образование.

Тој на својот фејсбук профил напиша:

„Нашите генерации учевме некое експериментално средно-насочено образование. Не полагавме ни матура. Полагавме приемни испити. Не полагавме екстерно. Не полагавме ни државен испит. Учествуваме на студенски протести. Се боревме за студентски права… Ни ја намали ли тоа интелектуалноста? Ни ги скрати ли сето тоа можностите во животот? Не знам, само знам дека токму тие генерации одлучуваат во овој момент да воведат државен испит или да ги поддржат студентите. И ние некогаш бевме студенти и се боревме за нашите студентски права. Јас и овој пат сум на студентската страна“, пишува владиката Пимен.

Би можело да ве интересира

Отец Пимен: Стоилов треба да се почитува како шампион и човек со свој став

Ана Ололовска

Анима Мунди: Се најадовте ли добро Отец Пимен?

Ана Ололовска

Излезе од печат втората книга на отец Пимен

Ана Ололовска

Отец Пимен: Барајте одговорност и од мене што бев за втор мандат на Иванов

Ана Ололовска

Стеванаџија до Пимен: „Потсеќаш на дедовците од МапеД шоу, а владика си“

Ана Ололовска

Пимен: Не ја потпишав иницијативата, ама го поддржувам Иванов

Емир Латифовиќ