Владата започнува со реализација на проектот за изградба на придружни објекти по автопатите

Од:

Владата започнува со реализација на проектот за изградба на 30 придружни објекти по автопатите, магистралните и регионалните патишта низ државата.

Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција информира дека во првата фаза веќе се утврдени девет локации за изградба на бензински пумпи, мотели и други придружни комерцијални објекти по трите автопатишта кои се градат во државата. Од нив, две се локации по автопатот од Кичево до Охрид во близина на селата Мислешево и Смилево, три се локации на потегот Демир Капија – Смоквица во близина на месноста Миравци и Милетково и четири локации по трасата на новиот автопат Скопје – Штип во близина на Свети Николе, Пеширово и Сопот.

– За овие девет локации, Министерството за транспорт и врски и останатите надлежни институции веќе ги отпочнаа процедурите кои водат кон изработка на урбанистичко-планската документација, истакна Ѓорѓиев, додавајќи дека се очекува процедурите да бидат готови до крајот на годинава или почетокот на идната.

Деветте локации ќе бидат понудени на продажба преку јавна електронска аукција.

– Со воспоставувањето на вакви содржини се постигнуваат повеќе цели како што се подигнување на квалитетот на транспортот и сообраќајот и отворањето на нови можности за бизнис-заедницата и инвестиции кои ќе придонесат за локален и економски развој, нагласи Ѓорѓиев.

Во следниот период се очекува да бидат утврдени дополнителни локации за изграба на вакви објекти на автопатиштата и на магистралните и регионалните патишта во државата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски