Владата утврди како ќе се менува и дополнува Законот за концесии и јавно приватно партнерство

Од:

Владата на денешната 87-ма седница на предлог на Министерството за економија го утврди текстот на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за концесии и јавно приватно партнерство.

– Предложените измени и дополнувања се со цел продолжување на роковите на одредени концесии склучени во одредено време под одредени услови, а поврзано со реализацијата на мерките од Петтиот сет антикризни мерки на Владата за намалување на последиците од светската пандемија предизвикана од КОВИД-19, информира владината Прес-служба.

Владата го утврди и Предлог-законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата, односно за стечајците.

– Со новите предлог-законски решенија предвидено е условот којшто се однесува на должината на работниот однос да биде 14 години, заклучно со 31.12.2020 година сé со цел да се обезбеди еднаквост на граѓаните при остварување на ова право на материјално обезбедување кое ќе го остварат уште најмалку 1.100 невработени лица, односно стечајци, се наведува во соопштението од владината седница.

Заедно со претходните законски решенија, вкупниот опфат на стечајци го оствариле или ќе го остварат правото за надомест во висина од 9.242,00 денари до нивното пензионирање, а ќе опфати близу 13.000 лица.

На оваа седница Владата ја разгледа и усвои Информацијата за Програмата на економски реформи 2022-2024 година и Економско – финансискиот дијалог помеѓу ЕУ и Западен Балкан и Турција.

– Дијалогот има за цел да им помогне на земјите опфатени со проширувањето на ЕУ да го зајакнат економскиот и социјалниот развој, како и да ги подготви земјите од Западен Балкан и Турција за идното учество во координирањето на економските политики на ЕУ. Според заклучоците од дијалогот Северна Македонија е предводник во спроведувањето на заедничките иницијативи во последните четири години. Оценката на Европската Комисија на Програмите за економски реформи 2021 – 2023 покажа дека земјата има највисок резултат од 61,1% реализирани заеднички заклучоци усвоени во мај 2020 година, споредено со земјите од Западен Балкан и Турција и тоа е највисок резултат постигнат од почетокот на процесот на подготовка на програмите за економски реформи, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски