Владата утре ќе ги предложи уставните измени до Собранието, откри Пендаровски

Од:

Претседателот Стево Пендаровски ја поздрави работата на Комисијата составена од експерти во Министерството за правда која, според него, во прилично кус временски рок изработи предлог иницијатива за уставни промени кои ги проследи до Владата.

– Имаше различни влијанија врз нејзиното работење и кога имате 25 члена во една комисија која дебатираше за вакво емотивно прашање. Работата на Комисијата беше да предложи текст на амандмани кој нема да отстапи од она што беше договорено во Собранието минатата година.

Ги знам предлог амандманите, го знам текстот на тие амандмани кои утре Владата ќе ги предложи до Собранието , јас имам свој претставник таму, професорот Александар Спасов. И мислам дека од прва до последна алинеја останавме во целост на она што Собранието побара од нас – посочи Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема услови за уставни измени, Владата не е подготвена да преземе било каков чекор

Сиљановска-Давкова не сака да ги толкува причините на Европскиот фронт за поднесување иницијатива за уставни измени

А1он

Мицкоски: Подготвен сум да се ограничи двојното државјанство за извршната власт

Горан Наумовски

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот

Гаши: Уставот не треба да се отвора ад-хок, ова е сензитивно прашање

Катерина Ѓуровски

Сиљановска – Давкова: Во Македонија околу 80 отсто од граѓаните не сакаат да се менува Уставот