Владата три дена одбива да каже колку пари потроши за стоте луѓе кои во Белград дегустираа вина

Од:

Владата крие колку пари се потрошиле од државната сметка за над стотина луѓе за присуството на Саемот во Белград организиран во рамките на Отворен Балкан, како и за организирањето на Македонската вечер на која беа нагостени околу илјада луѓе на покривот на трговскиот центар Галерија во елитната населба Белград на вода.

„А1он“ ја праша Владата колку луѓе брои државната делегација, колку ќе ги чини граѓаните ова патувањето среде економска криза и започнати мерки за штедење и дали треба воопшто големи делегации да патуваат на вакви настани, откако претходно објави дека над стотина луѓе од Владата и министерствата присуствуваат на неколкудневниот Саем и на Самитот Отворен Балкан.

Наместо конкретен финансиски извештај или барем приближна сума за тоа колку се потрошило во Белград, одговорот на Владата до „А1он“ е класично пи-ар соопштение во кое извршната власт се фали за придобивките и бенефитот кој го имал домашниот бизнис сектор во услови на светска криза, а за парите нема ниту збор.

„Лидерските самити, состаноците, активностите и големината на форматите ги утврдуваат домаќините. Бенифитот за домашниот бизнис сектор е огромен посебно во услови на светска криза кога повеќе од секогаш е потребно да ја поддржиме домашната економија и нашите граѓани“, велат од Владата.

Во пи-ар соопштението нема одговор ниту за тоа колку луѓе точно отишле во Белград на државна сметка, туку дека на Саемот биле преставени македонските филиграни и бисери, квалитетните вина и македонска храна.
Портпаролот не одговори и колку новинари патуваат на сметка на Владата и по кои критериуми се избираат медиумите за следење на владините настани.

„ Дадовме поддршка на медиумските преставници кои се пријавија на повикот за акредитација упатен до редакциите а направен со цел да ги проследат и пренесат овие важни настани“, се вели во дел од одговорите до „А1он“.

„А1он“ преку слободен пристап до информации од јавен карактер побара од Владата да ги достави имињата и презимињата на сите лица кои патувале на трошок на државниот буџет и колку вкупно е трошокот кој овие лица го направиле, а побара да се достават и податоци колку чинела луксузната вечер на која политичари, директори и бизнисмени дегустираа македонски вина и храна.
Владината делегација ја предводеше премиерот Димитар Ковачевски. Дел од македонската делегација на Саемот во Белград беа ресорните министри за економија Крешник Бектеши, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, за правда Никола Тупанчевски, за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, и вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада