Владата со препораки за работодавачите за топлотниот бран

Од:

Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжениот топлотен бран, Владата ја усвои информацијата и издаде препораки до работодавачите кои важат од 23.7 до 26.7, со кои се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години,

Како што информираат од Влада со оваа мерка се овозможува и работа од далечина, флексибилно и двократно работно време каде што е изводливо.

Претходно, Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно најновата прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), топлотниот бран со температури над 40°C ќе продолжи до 26 јули 2025 година.

-Имајќи го предвид кумулативниот ефект на продолжената изложеност на високи температури врз здравјето на ранливите категории на население, Владата, на предлог на Министерството за здравство усвои дополнителни препораки за работодавачите, кои ќе важат во периодот од 23 до 26 јули 2025 година:Се препорачува ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години. Каде што е можно, да се овозможи работа од далечина, флексибилно или двократно работно време.Овие препораки не важат за вработените во критичната инфраструктура, како што се здравството, полицијата, армијата, транспортот, енергетиката и јавните комунални претпријатија, се наведува во соопштението од Министерствогто.

Дополнително, Владата потсетува на веќе важечките мерки од акцискиот план, а тоа се одложување на работниот процес од 11:00 до 17:00 часот за работници изложени на директна топлина, обврска за обезбедување микроклиматски услови за работа – простории со температура до 25°C, освен каде што природата на работата не дозволува поинаку, континуирано информирање на јавноста преку институциите, активирање на интерните протоколи за работа во вонредни услови во сите здравствени установи, домови за стари лица и образовни институции.

Сите останати институции опфатени со Акцискиот план се повикуваат да продолжат со спроведување на своите обврски и активности.

Истовремено Министерството за здравство апелира населението да се придржува до постоечките препораки за самозаштита а тоа се престојување во разладени простории, особено од 11 до 17 часот, внесување доволно течности, избегнувајќи алкохол и засладени пијалоци, носење лесна и светла облека, користење заштита за глава и очи, избегнување физичка активност во најтоплите часови.

Понатаму при симптоми како вртоглавица, главоболка, гадење или забрзан пулс – веднаш да се побара медицинска помош да се седи во разладени простории (до 25°C) на работното место и во домот.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Денеска топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски