Владата размислува дали да ја зголеми казната за неносење маска

Од:

Владата размислува дали да го зголеми износот на казните за неносење маски за заштита од КОВИД-19, обемот на работа на полицијата во таа насока е зголемен и ќе има се повеќе контроли и во угостителските објекти и на собирите на граѓаните, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Во Владата разговараме во однос на зголемувањето на казните и ќе се цени дали има потреба од тоа или не. Важно е дека обемот на работа на полициските службеници е зголемен и правиме се што треба да биде направено во овој момент за сите оние кои не ги почитуваат мерките, односно кои прво не се почитуваат самите себеси и не ги почитуваат своите семејства со тоа што не се зашититуваат и се изложуваат на ризик да бидат зафатени со инфекцијата. Ќе мора да носат некаква одговорност. И тоа ќе се случува понатаму и во угостителски објекти и на собирања, итн, се повеќе и повеќе, со цел да се влијае на оние кои не ги почитуваат мерките и со тоа директно ги загрозуваат живот и здравјето на граѓаните, изјави Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање при посетата а Полицискиот центар Ѓорче Петров.

Казните, вели министерот, се наплаќаат и сега, но тоа ќе биде многу полесно откако ќе се направи усогласување на потребните закони со Законот за прекршоци, што се доставени во Собранието уште пред распуштањето поради изборите. МВР останува на тие законски решенија и Спасовски очекува наскоро да бидат ставени на дневен ред и Собранието да ги изгласа.

Во одгвор на новинарско прашање, министерот за внатрешни работи информираше дека се работи на решение за регулирање на статусот на лицата кои немаат државјанство. Клучниот проблем, како што појасни, е што тие со поделбата на поранешна Југославија кога Република Македонија стана независна држава, не поднеле барање за да добијат македонско државјанство. Имало неколку периоди во кои им било понудено да го направа тоа, но, посочи Спасовски, ги пропуштиле сите тие процеси.

– Дадовме задачи и веќе правиме анализа да видиме колку се тие луѓе, кои се условите и што е тоа што треба да го промениме од аспект на законска регулатива за да може да им обебзедиме државјанство на овие луѓе. Работиме на овој план, се надвам дека службите што постојано работат на ова ќе излезат со решение, а можеби ќе треба тоа решение да се донесе од Собранието, рече Спасовски.

Би можело да ве интересира

Тошковски: Седум жени загинале како последица на семејно насилство и во 2022 и во 2018 година, а не се барала оставка од министер за внатрешни

А1он

Приведено 87-годишно лице кое возеше во спротивна насока на булеварот Партизански одреди

МВР апелира до родителите и јавноста: Препознајте ја опасноста од групата „764“ – заштитете ги децата

(ФОТО) Левица: Полициско насилство врз малолетници во Охрид – Tошковски молчи

А1он

Две верзии за целта на планираниот атентат во Грција: Ирански дисидент или израелски државјанин

Горан Наумовски

(ФОТО) Ја давеше, ја газеше по нозете, ја влечеше по асфалт и ја остави на сред улица – уапсен е син на инспектор во УЈП

А1он