Владата продолжува со создавање „зони без Албанци“, реакција на ДУИ за советниците на Мицкоски

Од:

Владата продолжува со создавање „зони без Албанци“ во државните институции, систематски потиснувајќи ги Албанците од позициите каде се носат одлуки. Овојпат, тоа се огледува во составот на советнички тим на Премиерот каде речиси нема ниту еден Албанец, велат од ДУИ.

– Оваа политика на мајоризација е позната во минатото, и претставува реконфигурација на државниот систем, промовирајќи моно-етничка доминација. Тоа јасно покажува дека механизмите на мајоризација ѝ се сѐ уште потребни на земјата, со цел зачувување на мултиетничкиот карактер на општеството, едно од најголемите достигнувања кое е во целост загрозено. Градењето инклузивни и функционални институции, се основата на етничката рамноправност, но и една од суштинските европски вредности на чии основи почива долгорочната стабилност и напредок на земјата.Со овој потег Владата не само што го понижи албанскиот партнер во Владата, туку проектираше непријатно чувство на непожелност кај секој Албанец во земјава, се вели во соопштението од ДУИ.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Владата денеска на седница ќе донесе одлука за нов државен јавен обвинител

Мицкоски: Безбедносната состојба е стабилна

А1он

ДУИ бара независна и непристрасна постапка за случајот со Артан Груби

ДУИ обвинува за директен атак на правосудниот систем

А1он

ДУИ позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата