Владата пренамени 1,7 милиони метри квадратни во градежно земјиште кај Љубаништа

Од:

Околу 1,7 милиони метри квадратни земјиште ќе бидат пренаменти од земјоделско во градежно земјиште за изработка на урбанистичка планска документација за изградба на туристичка развојна зона во Љубаништа во Охрид. Ваква одлука донесе Владата на Република Македонија на седница одржана само два дена пред дочекот на Новата Година. Одлуката стапи во сила по објавувањето во службен весник.

Со ваквата одлука земјиштето трајно ќе се пренамени во градежно. Најголем дел од земјиштето е имот на локалното население кое во неколку наврати се противеше за било какво одземање од нивна сопственост.

Државата исто така е во судски спот со Дебарско – кичевската епархија за одземено земјиште од црквата во тој реон. Владиката Тимотеј, пред извесно време за А1он истакна дека во никој случај црквата не е заинтересирана за одземање на имотот и потврди дека правдата ќе ја бара до крај преку судските институции.

ljubanista-odluka

Ова треба да претставува втора туристичка развојна зона кај Љубаништа која власта сака да ја изгради. Земјиштето кај Љубаништа претходно беше поврзувано со контроверзниот индиски бизнисмен Субрата Рој, но по неговото притворање во Индија поради финансиска проневера, сето тоа изгледа како празни ветувања од минатото на власта и собирање политички поени кај народот. Во неколку наврати премиерот Груевски, министерот Ставрески и градоначалникот на Охрид Бакрачески заедно со Субрата Рој го надгледуваа Охрид и локалитетот кај Љубаништа правејќи наводни планови за изградба на  луксузниот комплекс кој требаше да никне на тоа место.

И покрај тоа што моментално нема заинтересиран инвеститор, власта по секоја цена го турка овој процес. И покрај противењето на жителите и на Црквата, судејќи по постапките, власта за многу брзо време ќе го земе земјиштето. Која е целта на целиот овој процес? Дали во иднина ќе се појави наводен инвеститор сокриен зад маската на власта и дали власта сака ова земјиште да биде нејзино за многу ниска цена?

Ф.Ј.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Земјотрес почувствуван утрово во Охрид и околината

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп