Владата преку кампања ќе ја подигнува свеста за потребата од вакцинација

Од:

Владата планира преку кампањи да ја подигнува свеста на граѓаните за потребата од имунизација, изјави министерот за здравство Венко Филипче, кој информира дека досега на веб страницата за вакцинација се пријавиле околу 140.000 лица.

Министерот очекува сликата за нашата држава дека има мал број вакцинирани и малку заинтересирани за вакцинација, да почне да се менува со доаѓањето на новите пратки вакцини.

– Планираме да почнеме со кампањи. Дел од нив се подготвени, другите се подготвуваат. Повторно ја користам оваа можност да апелирам до сите граѓани да се пријават на веб-страницата „вакцинација.мк“. За неколку дена ќе има надградување на системот, во однос на добивање известување преку СМС-порака откако граѓаните ќе се пријават и на истиот начин ќе бидат информирани и за терминот за вакцинација, соопшти Филипче.

Тој вели дека свеста кај граѓаните за потребата од вакцинација е присутна и дополнително ќе се зголемува.

– Верувам дека како ќе пристигнуваат информациите за вакцините кои доаѓаат кај нас, така се повеќе граѓани ќе се вакцинираат, подвлече Филипче.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември

Осум починати, 196 нови случаи на Ковид-19 минатата недела

Ана Ололовска