А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Владата предлага законски санкции за лажирање спортски натпревари и насилство во спортот

by А1он13/02/2013 - 13:21165
Share0

Затворски казни за лажирање спортски натпревари и построги казни за насилството на спортските терени предвидуваат измените и дополнувањата на Кривичниот законик кои беа усвоени од Владата на Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

– За превенција и санкционирање на насилството на спортските терени пропишавме нов облик во постојното кривично дело „насилство“ во кое предвидовме казна затвор од шест месеци до пет години за тој што друг малтретира, навредува, ја загрозува неговата сигурност или врши врз него грубо насилство поврзано со спортски натпревар и пред тоа, за време и по завршувањето на натпреварот, истакна на денешната прес-конференција владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Со измените и дополнувањата на КЗ, како што појасни, предвидена е казна затвор од три до десет години, односно од една до пет години доколку се предизвика тешка телесна повреда или смрт на некое лице, како и предизвикување тепачка, нереди и оштетување на имот од поголема вредност.

Значајна улога во извршувањето на ова кривично дело, како што рече Ѓорѓиев, имаат организаторите на навивачките групи и на натпреварите кои понекогаш не само што не ги спречуваат ваквите насилства, туку ги поттикнуваат организираните навивачки групи  да го извршуваат ова кривично дело.

– Токму затоа пропишавме кривична одговорност  и за организаторот на групата што го извршила, како и за организаторот на спортскиот натпревар кој не презел мерки за спречување на насилството, за што е предвидена казна затвор од три до десет години, нагласи Ѓорѓиев.

Со овие измени, како што рече, се очекува да се изврши сериозно влијание во превенцијата од сторувањето на вакви кривични дела, да се заштити здравјето и безбедноста на граѓаните, да се заштити имотот, но и да се заштитат самите спортски фанови да не учествуваат во вакви настани и да го заштитат и своето здравје и безбедност. – Ова е практика која ја воведува цела Европа, затоа што овој вид на настани претставуваат глобален проблем и предизвик, и цениме дека ќе донесе резултати, додаде Ѓорѓиев.

Следете a1on на Youtube YouTube

Владиниот портпарол информира дека во кривичното дело „измама“ се додава нов став согласно кој се пропишува дека со казна затвор од една до десет години ќе се казни тој што со намера за себе или за друг да прибави противправна имотна корист, ќе доведе друг во заблуда или ќе го држи во заблуда со лажно прикажување или прикривање факти што се однесуваат на лажиран спортски натпревар или наместен резултат на спортска игра, и со тоа го наведе да стори или не стори нешто на сметка на својот или туѓ имот.

Во областа на лажирањето спортски натпревари, како што додаде, се и дополнувањата на кривичните дела кои се однесуваат на активниот и пасивниот поткуп.

– Во кривичното дело „неовластено примање подароци“ е пропишано дека организатор или учесник во спортски натпревар кој директно или индиректно ќе побара или ќе се согласи да прими за себе или за друг подарок или друга посредна или непосредна корист или ветување или понуда за таква корист со намера да ги запостави интересите на правното или физичкото лице што го организира натпреварот за да се постигне резултат кој не зависи од спортската игра и правилата на спортскиот натпревар, ќе се казни со затвор од една до пет години, нагласи Ѓорѓиев.

Значајна новина во овој закон, како што подвлече, е и санкционирањето на посредниците во давањето и примањето на подарокот кои во практика најчесто ги вршат овие кривични дела.

– Во однос на активниот поткуп во членот 253-а е додаден нов став во кој е пропишано дека тој што директно или индиректно ќе вети, ќе понуди или ќе даде подарок или друга корист или ветување или понуда за таква корист на организатор или учесник во спортски натпревар со намера да ги запостави интересите на правното или физичкото лице што го организира натпреварот за да се постигне резултат кој не зависи од спортската игра и правилата на спортскиот натпревар, ќе се казни со затвор од една до пет години, истакна владиниот портпарол.

Во контекст на тоа, додаде дека во овој член се санкционирани посредниците и е пропишана кривична одговорност за правните лица.

– Со овие измени се стремиме да ги превенираме злоупотребите на спортските натпревари, да го оставиме спортот на спортистите и да го ослободиме од штетни и коруптивни влијанија, и да влијаеме на спречување измами и доведување на граѓаните во заблуда, дејствија кои може да предизвикаат сериозна штета на имотот на граѓаните, нагласи портпаролот Ѓорѓиев.

vlada

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски31/05/2026 - 14:0131/05/2026 - 16:20

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Горан Наумовски30/05/2026 - 13:16

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски27/05/2026 - 21:2827/05/2026 - 21:33

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Горан Наумовски26/05/2026 - 10:25

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски12/05/2026 - 19:2412/05/2026 - 19:26

Именувана е новата унгарска влада

Горан Наумовски12/05/2026 - 17:22
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто