Владата прави систем за подобрување на пласманот на земјоделските производи

Од:

Владата одлучи да преземе системски мерки за воспоставување систем за обезбедување на пазарни информации за извоз и пласман на земјоделски производи, за потребите на преработувачите и другите засегнати.

„Како дел од мерките кои ќе се спроведуваат континуирано на овој план, покрај системскиот пристап, Владата одлучи да преземе и да реализира и конкретни пакет мерки и активности чија цел е да се овозможи што поголем пристап на овие пазарни информации до земјоделците, преработувачите и трговците”, рече владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Суштината на проектот се определува со тоа што, како, кога и за каде да се произведува и пласира, се со цел обезбедување на профит и задоволување на потребите на граѓаните.
Потребата за ваков систем ја детектирале заедно со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, при што било констатирано немање соодветна транспарентност на проток на информациите и нивната достапност на секој засегнат учесник

„Проблеми со капацитетот на човечки и технички ресурси на снабдувачите со пазарни информации, ниско ниво на организирање на учесниците во синџирот за производство на определен производ,недостаток и практична примена на мерките за заедничко уредување на пазарите”, вели Ѓорѓиев.

Со цел да ја унапреди состојбата на ова поле, и да се даде поддршка на земјоделците, преработувачите и трговците за квалитетно производство и пласман на производите Владата, одлучи финансиски да ја помогне оваа сфера, да обезбеди и да овозможи пристап до пазарните информации, и да овозможи едукација и поддршка на овие целни групи.

„Столб на системот е силен Пазарен информативен систем, и финансиска поддршка за остварување на тесна соработка помеѓу земјоделците, преработувачите и трговците”, рече Ѓорѓиев.

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски