Владата потврди дека го дава Охридско езеро под концесија на 6 години

Од:

Од Владата ја потврдија информацијата на А1 дека на последната седница се разговарало и билa донесена одлука за давање на Охридското езеро под концесија за стопански риболов во период од 6 години.

Од владината прес служба ни рекоа дека за повеќе информации ќе треба да се обратиме до Министерството за земјоделие од каде пак ни рекоа дека не можат да коментираат ништо се додека информацијата не излезе во Служебен весник.

Од таму уште кажаа дека до нив за сега нема пристигнато никаков официјален допис од владата. Инаку претседателот на охридските риболовци Радован Димитриевски за А1 вчера кажа дека после ова не им останува ништо друго освен да се жалат до Европската комисија за рибарство, Комисијата за рибарство при Обединетите нации и до Европските партии на зелените.

Идниот концесионер како што веќе објавивме годишно на државата ќе треба да и плаќа 33000 евра или 12 милиони денари за период од 6 години. Ќе има право да лови 2 тони пастрмка и 200 тони плашица на годишно ниво. Ќе треба да вработи 24 рибари додава Димитриевски според кој езерото на овој начин ќе се уништи за наредните 50 генерации.

Мики Трајковски

 

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум