Владата потпиша заедничка заложба со која стана дел од Глобалното движење за ставање крај на насилството врз децата

Од:

Денес, на завршната церемонија на дводневната конференција на високо ниво: Проширување на акцијата за ставање крај на насилството врз децата на Западен Балкан министрите за внатрешни работи, правда, здравство, образование и наука и труд и социјална политика потпишаа формална заложба за пристапување кон Глобалното партнерство за ставање крај на насилството врз децата.

“И честитаме на Владата на оваа важна заложба со која се приклучува кон 26 други земји членки на Глобалното партнерство за ставање крај на насилството врз децата. Со работата на ставање крај на насилството врз децата всушност работиме на тоа секое дете да се чувствува безбедно дома, на училиште и во заедницата“, рече претставничката на УНИЦЕФ Патриција ди Џовани.

Со оваа заложба Република Северна Македонија ќе стане дваесет и седма земја предводник во рамките на Глобалното партнерство за крај на насилството врз децата и се обврза да спроведе конкретни активности до 2022 година за постепено ставање крај на насилството врз децата.

“Убеден сум дека преку оваа заложба заеднички ќе дојдеме до решенија за подобра нормативна заштита на децата вклучително и превенција од насилство врз децата,“ рече Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи за време на церемонијата на потпишување на заложбата.

“Клучно е да се заштитат децата од секундарна виктимизација во текот на правната постапка, без разлика во кое својство доаѓаат, бидејќи тие честопати се веќе трауматизирани,“ рече Рената Дескоска, министер за правда и продолжи “Вториот клучен аспект е дека мораме да работиме на тоа да го извадиме детето од спиралата на насилството и криминал.“

“Два предуслови за превенција на било која форма на насилство врз децата е безусловна љубов од родителите и почит кон децата како личности. Ако помогнеме на време да се ублажат негативните искуства од детството, тогаш може да се превенира интергенерациско пренесување на насилството,“ рече Венко Филипче, министер за здравство.

“Какви генерации ќе создадеме зависи од самите нас. Зависи од секоја индивидуа поединечно, но и од колективната свест и свесност. А секогаш и во секој момент најповикани се политичарите – оние кои управуваат со институциите на системот, оние кои учествуваат во креирањето и спроведувањето на националните политики во сите сегменти и влијаат на општествената атмосфера и состојба,“ рече Арбер Адеми, министер за образование и наука.

“Ниедно дете не треба да расте во страв. Кога целото општество им помага на родителите да израснат деца со здрава приврзаност, деца кои добиваат поттик во својот развој, деца кои веруваат во себе, кои се истрајни, емпатични, знаат како да се справат со разочарувањата, и кои учат и откриваат нови нешта – тогаш ние создаваме просперитет, како и понапредни, посилни, поуспешни и побезбедни општества“, рече Мила Царовска, министер за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата