Владата почнува кампања „Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“

Од:

Владата од денеска ја почнува кампањата „Сега се е јавно, корупцијата не се исплати“ која е насочена кон целосно искоренување на оваа појава во општеството. Целта е да се мобилизираат и охрабрат граѓаните и јавната администрација во обезбедувањето на заштитни механизми и отпор против корупцијата.

Станува збор за широка комуникациска кампања со цел да се информира јавноста за оваа појава и да се распознае и пријави корупцијата. Изработени се три спота во кои се претставени случаи на корупција и заштитните механизми, a ќе биде креирана и посебна интерактивна веб страница.

Премиерот Зоран Заев, кој денеска заедно со вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски ја промовираше кампањата, порача дека Владата и граѓаните се на иста страна во борбата против корупцијата.

– Не постои ситна или голема корупција, ниту пак различен пристап меѓу големата и малата корупција. Пристапот е единствен, на корупцијата мора да и ставиме крај без разлика од каде доаѓа и кој се нејзините димензии. Мора да им се застане на патот на сите кои го корупираат општеството, а тоа го можеме самоз аедно, истакна Заев на прес-конференцијата во Владата.

Порача дека никој не е заштитен и оти мора со заеднички сили и со помош на граѓаните да се искорени оваа појава.

– Најсилната помош која треба да ја добиеме е од граѓаните. Тие треба да пријавуваат, порача Заев.

На кампањата, рече Заев, треба да се гледа како на придонес за синхронизирана комуникација и за остварувањето на приоритетите утврдени во Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021-2025.

Вицепремиерот Николовски рече дека во изминатиот период се менува пристапот и оти сега секој може со само неколку клика да ги види сите јавни набавки, учесници во тендери и други информации.

-Ова е борба во која секој поединец е важен. Резултатите зависат од сите нас и очекувам дека сите заедно ќе ја постигнеме целта – институциите да постапуваат координирано и да постапуваат, а граѓаните да пријавуваат, порача Николовски.

Посочи дека на кампањата и претходеле опсежни и длабински анализи и проценето е дека постои потреба од ваков тип на комуникација со граѓаните.

– Мора да се подигне свеста на граѓаните за препознавање и да ги охрабриме да ја пријавуваат корупцијата. Имаме силна поддршка со експертиза и од наши странски соработници и во кампањата ќе биде вклучена и консултантска поддршка од нивна страна, рече Николовски.

Во следните 15 дена, како што најави Николовски, ќе биде промовиран и централизиранот систем за пријавување корупција и следење на сите предмети во рамки на институциите, креиран со поддршка на УСАИД.

Би можело да ве интересира

ВЛЕН: За еден месец се сруши кулата изградена со криминал и корупција

ДУИ бара еднаков и транспарентен процес во борбата против корупцијата

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена на Законот за јавните набавки по скратена постапка

Податоците за вистинските сопственици на фирмите во земјава не се користат во борбата против корупцијата

Кинескиот министер за одбрана под истрага за корупција

Владината коалиција е стабилна и цврста, дали ЛДП би биле дел од владината коалиција се уште не е разговарано, вели Мицкоски