Владата планира доделување лиценци за лекување со матични клетки

Од:

Можности за евентуален ангажман на странски експерти, со корисење на постојните здравствени капацитети и постигнување евентуални заштеди во ФЗОМ треба да отворат предлог-одлуките за почнување постапка за доделување лиценци за земање и пресадување клетки од човечко тело заради лекување, што вчера беа разгледувани на владина седница.

– На ваков начин се отвара можност, само можност да се види дали може да донесеме експерти доктори од надвор, да се користат постојните капацитети на здравствениот систем и евентуално да има заштети во ФЗОМ, со тоа што кај нас би се правеле дел од оние услуги што во моментов не се вршат кај нас, а Фондот плаќа граѓаните да ги направат во странство, рече на денешната прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

На вчерашната седница на Владата бил утврден текст на предлог-одлуки за почнување постапка за доделување лиценци за вршење здравствена дејност земање и пресадување клетки од човечко тело заради лекување-хематопоетски матични клетки, за лекување срце, панкреас, очни ткива, црн дроб, бубрези и бели дробови.

Во целите на иницијативата на Министерство за здравство, на чиј предлог биле одлуките, се обезбедување соодветен вид и обем на здравствени услуги во зависност од потребите на населението, географска достапност на здравствените услуги, подобри здравствени капацитети и континуирана и квалитетна здравствена заштита.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Владата го усвои Предлог законот за соодветна и правична застапеност

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ и партнерите ќе одбележат една година власт пред платото на Владата

ВЛЕН: Следната недела се затвора историска рана, ќе биде донесен законот за правична застапеност на Албанците

Владата ја усвои новата Стратегија за конфискација на незаконски стекнат имот

Ребалансот на буџетот треба да биде на владина седница најверојатно во четврток

Повредените и семејствата на починатите во трагедијата во Кочани не се сами, порача Владата