Владата одобри исплата на платите во јавниот сектор согласно Општиот колективен договор

Од:

Премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција соопшти дека дел од законите неопходни за усогласување со Општиот колективен договор за да се создадат услови за исплатите по овој основ во јавниот сектор денеска поминале на седница на Владата и оти на идната владина седница ќе бидат усогласени и останатите три закони.

На новинарско прашање дали административците ќе добијат зголемување на платите и по основ на усгласување со ОКД и со растот на минималната плата, Ковачевски потсети дека зголемувањето на платите во јавниот сектор за 10 проценти согласно со Општиот колективен договор е регулирано, а парите се веќе на сметките на работниците, како и дека е овозможена исплата на К-15 во износ од 10 илјади денари.

-Воедно од идната година имаме предвидено зголемување на К-15 за 30 проценти од просечната плата што значи дека ќе биде над 10 илјади денари, рече Ковачевски.

Во однос на минималната плата, дополни, корегира согласно со закон и оти тогаш се усогласуваат сите плати, а додека во делот на колективните договори, така како што важат така следуваат зголемувања како што ги има регуларирано работодавачот. Она што државата го има како обврска е усогласување на законска регулатива, во законите кои се однесуваат на исплата на плати на вработените во јавниот сектор да бидат усогласени со Колективниот договор. Денеска дел од тие закони поминаа и ќе одат во собраниска процедура, а на идната седница на Влада ќе бидат усогласени и останатите три закони и ќе одат во собраниска процедура со цел да може да им се овозможи на институциите и особено на оние коишто работат во секторите за финансии и сметководство навремено и на наједноставен начин да ги исплаќаат платите и согласно колективен договор и согласно плати, рече Ковачевски.

За тоа дали антикризните мерки се поддржани од стопанските комори, министерот за финансии Фатмир Бесими рече дека Владата била во постојана комуникација со стопанските комори.

-Неколкупати е комуницирано и тие се дизајнирани според досегашната соработка со нив, во однос на тоа дали се за енергетската ефикасност, дали се за дигитализација, инвестиција, ликвидност, така што тие мерки за стопанството се веќе на неколку состаноци со нив комуницирани, изјави Бесими.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада